Шефот на „Модерна“: Наесен веројатно ќе ни треба четврта доза против ковид

Стефан Бансел /Фото ЕПА

Извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел, изјави дека заштитата што ја обезбедува засилената доза на вакцината против ковид-19 најверојатно ќе опадне со текот на времето и дека на граѓаните можеби ќе им треба дополнителна, четврта доза наесен за да ги одржат потребните нивоа на антитела.

Бансел рече дека оние кои ја примиле бустер дозата минатата есен веројатно ќе имаат доволно заштита за да ја преживеат зимата, но дека ефективноста на таа доза најверојатно ќе опадне во текот на следните неколку месеци, слична ситуација како по првите две дози.

Во моментов, нов голем бран на инфекции со ковид се шири низ светот поради варијантата омикрон. Во САД, седумдневниот просек сега изнесува повеќе од 574.000 нови случаи на ден, пишува Си-Ен-Би-Си.

„Мислам дека ќе ни требаат дополнителни бустер дози во есента 2022“

Извршниот директор на Модерна рече дека владите, вклучително и Велика Британија и Јужна Кореја, веќе нарачуваат дополнителни дози.

„Сè уште мислам дека во есента 2022 година, но и подоцна, ќе ни требаат дополнителни бустер дози на вакцината“, рече Бансел, додавајќи дека постарите лица или оние со здравствени проблеми можеби ќе треба да се вакцинираат еднаш годишно во случај на пандемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот