Шефицата на ЕК порачува: Пандемијата е можност за поинаква економија

Урсула Фон дер Лајен/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

После коронакризата не би требало да се враќаме на старите навики и дека треба да се истрае на Европскиот зелен план, стратегијата за еколошки одржлив развор на стопанството и општеството.

Пандемијата од коронавирусот треба да се искористи како поттикнување да се истрае во борбата  против климатските промени, изјави претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лајен.

„Со користење на Европскиот зелен план како компас, можеме оваа криза од пандемијата да ја претвориме во можност за поинакво стопанство, да го направиме поотпорно така што на нашите деца ќе им оставиме подобро место за живот“, рече во видео пораката Урсула вон дер Лајен.

Истакна дека пандемијата го менува начинот на живот поради мерките воведени поради заштита на здравјето.

„Можеби ни недостастуваат многу работи кои ни се важни, но нам не ни недостасува загадувањето од автомобилите и бучавата во сообраќајот. Кога ќе отвориме прозорец, може да дишеме чист воздух“, рече Вон дер Лајен.

Истакна дека после коронакризата не би требало да се враќаме на старите навики и дека треба да се истрае на Европскиот зелен план, стратегијата за еколошки одржлив развор на стопанството и општеството.

„Сега кога полека се враќаме на работа и инвестираме милијарди евра за покренување на стопанството, би требало да го избегнеме враќањето кон старите навики. Нашето општество и нашата планета можеме да ја направиме поздрава со инвестирање во обновлива енергија, возејќи почисти автомобили, со реновирање на домовите за да бидат енергетски ефикасни“, рече претседателката на Комисијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот