Шеф на мафијата во Јапонија осуден на смртна казна

Судот во Токио/ Фото EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Јапонскиот суд го осуди шефот на мафијашката организација Кудо-каи, 74-годишниот Саторуа Номуру, на смртна казна, пренесува Јапан Тајмс.

Номуру е осуден бидејќи наредил убиство и напад на три лица во период од 1998-ма до 2004-та година.

Мафијашкиот шеф на судот ги отфрли обвинувањата, но судот во Фукуока не му поверува и го осуди со доживотна казна затвор. Јапонските медиуми пренесуваат дека се изненадени од таквата пресуда, земајќи во предвид дека немало доволно докази кои директно го поврзувале Номуру со тие убиства.

„Побарав праведно судење. Ќе зажалиш поради ова“ му рекол Номуру на судијата откако ја дознал одлуката.

Според судот, Номуру во 1998-ма година наредил убиство на поранешниот шеф на рибарската задруга. Покрај тоа, на него му се судело и за напад во 2014-та на негов роднина, како и за напад на медицинска сестра во јапонска болница, каде тој бил лекуван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот