Шарапова е се поблиску до пензија: Не знам дали идната година ќе играм во Мелбурн

twitter/BBC Sport

Русинката Марија Шарапова е елиминирана во првото коло на Аватралија Опен од Дона Векиќ (6:3, 6:4).

Шарапова во Мелбурн настапи со вајлд-карта од организаторите бидејќи моментно се наоѓа на 145. место на ВТА ранг листата, а во последните две сезони одигра многу малку натпревари поради хроничната повреда на рамото.

По поразот од Векиќ, се очекува да падне дури на 366. место на ВТА ранг листа. По натпреварот таа беше запрашана дали можеби ова и беше последен настап во Мелбурн, Шарапова не беше сигурна.

– Не знам, навистина не знам. Бев многу среќна што се најдов тука во главната ждрепка благодарение на организаторите кои ми доделија специјална покана и да бидам дел од овој турнир. Навистина ми е тешко да кажам што ќе се случи во следните 12 месеци – изјави Шарапова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот