Шалке продолжува да тоне во Бундеслигата (ВИДЕО)

EPA-EFE/BERND THISSEN

Седумкратниот германски шампион и еден од најпознатите тимови во Бундеслигата, Шалке продолжува со катастрофалните резултати по паузата од коронавирусот.

Шалке во четирите натпревари по двомесечната пауза, доживеа четири порази и полека се лизга кон опасната зона на табелата. Последен тим кој ги совлада „рударите“ е Вердер со 0:1. Единствениот гол на натпреварот го постигна Битенкур во 32. минута.

По 29. коло во Бундеслигата, Шалке остана на 37 бодови со кои е на 10. позиција на табелата, но има само четири бода повеќе и натпревар повеќе од Фортуна Дизелдорф која е 16. и се наоѓа во опасната зона.

Гостинските екипи славеа на уште два од преостанатите три натпревари во 29. коло. Хофенхајм благодарение на голот на Бебу во 43. минута славеше на гостувањето кај Мајнц, додека Ајтрахт со 1:2 го совлада Волфсбург. Силва и Камада беа стрелци за Ајнтрахт додека Мбабу беше стрелец на единствениот гол за домашниот тим.


Честа на домаќините ја одбрани Херта која со 2:0 го совлада Аугсбург и дојде до третата победа во четвриот натпревар. Дилросун ја доведе Херта во водство, за Пјонтек во судиското продолжение да ги постави конечните 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот