Шаќири за случувањата во Чашка: Не можеме да зборуваме за меѓуетничка интеграција додека не се дозволува учениците да учат на нивниот мајчин јазик

Јетон Шаќири - министер за образование / Фото: „Слободен печат“ / Методи Здравев

Министерот за образoвание Јетон Шаќири смета дека не може да се зборува за меѓуетничка интеграција во образовниот процес се додека има случаи во кои не се дозволува на ученици да учат на нивниот мајчин јазик.

Коментирајќи ги последните случувања во населбата Чашка каде родители реагираат на одлуката да биде отворена паралелка на албански јазик во основното училиште „Тодор Јанев“, Шаќири посочува дека е во постојана комуникација со сите засегнати страни.

– Во овој момент би сакал да испратам порака, а тоа е дека не можеме да зборуваме за меѓуетничка интеграција во основно и средно образование, затоа што сѐ уште имаме одредени случаи како во Чашка и Гази Баба каде одредена страна не дозволува на учениците да учат на мајчин јазик, рече Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на нова апаратура за генетика во МАНУ.

Прашан дали во предизборниот период се одземаат ингеренции на училишта во општини кои не се под централната власт, Шаќири порача политиката да биде подалеку од образовниот систем.

Минатата недела родителите на учениците од основното училиште „Тодор Јанев“ протестираа против одлуката да се формира албанска паралелка во училиштето. Тие го обвинија Шаќири, но и директорката бидејќи дала зелено светло да се формира оваа паралелка.

Родителите сметаат дека е неприфатливо и незаконски, бидејќи, како што велат, ова училиште според статусот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот