Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Шаќири одлучи: Ја напушта репрезентацијата на Швајцарија

Репрезентацијата на Швајцарија во иднина ќе биде без Џердан Шаќири кој денеска објави дека се повлекува од националниот дрес.

Шаќири преку социјалните мрежи објави дека донел одлука дека е време по 14 години да ѝ каже „збогум“ на Швајцарија.

„Седум турнири, многу голови, 14 години во репрезентацијата на Швајцарија и незаборавни моменти. Време е да се каже збогум. Одличните спомени остануваат и сакам да се заблагодарам на сите. Ви благодарам“, објави Шаќири.

За Швајцарија низ годините собра 125 натпревари и постигна 32 гола, долго време беше еден од најважните швајцарски репрезентативци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Xherdan Shaqiri (@shaqirixherdan)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот