Шахпаска: Децата чија мајка е во притвор по пожарот во кој почина едно нејзино дете се згрижени и имаат 24-часовна психо-социјална поддршка

 Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпска денеска изјави дека останатите деца на мајката чие седумгодишно дете изгоре во пожар што го зафати станот во кој живееле во Гостивар се згрижени и имаат 24-часовна психо-социјална поддршка.

– Центарот за социјална работа постапи согласно Законот за социјална заштита во ваква ситуација и согласно неговите надлежности. Децата се згрижени, имаат 24 часовна психо-социјална поддршка, но, за тоа кои ќе бидат следните чекори тоа е зависи од нас има институции кои се надлежни да донесат соодветни одлуки, рече Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на градинка во Ѓорче Петров.

На мајката, чие дете настрада во пожар во стан во Гостивар, мерка притвор во траење од триесет дена и определи судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар. Таа беше лишена од слобода под сомнение дека го врзала седумгодишниот син со синџир за нозете, што го отежнало неговото спасување од огнената стихија. Од судот потврдија дека решението за притвор е изготвено и жената е испратена во КПУ Скопје.

Претходно, Основното јавно обвинителство Гостивар издаде наредба за спроведување истражна постапка против С. Т. (36) од Ресен и живеалиште во Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Повреда на семејни обврски (член 203 став 2 од Кривичниот законик)

Осомничената жена, наведуваат од ОЈО, го малтретирала своето дете на возраст од седум години, кое го врзувала со ланец и катанец за креветот. На 16 март, во станот во кој престојувало семејството избувнал пожар и затоа што било врзано за креветот детето не успеало да го напушти домот и го загубило животот.  За кривичното дело за кое е осомничена жената е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Во меѓувреме, сè уште се работи на утврдување на причините за пожарот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот