Северна Кореја со апел до граѓаните: Купувајте домашни производи

Властите во Северна Кореја испратија апел до граѓаните да купуваат домашни производи и истакнуваат дека локалпатриотизмот е клучен за зачувување на суверенитетот и опстанокот на комунистичката нација.

Северна Кореја ја истакнува локализацијата како дел од напорите во изградбата на самоодржлива економија сега кога изгледите за укинување на санкциите се лоши поради преговорите околу денуклеаризацијата со САД.

Државниот весник наведува дека земјата може да го убрза патот кон социјалистичка победа доколку се потпира сама на себе и дека оваа визија никогаш нема да се оствари доколку би зависела од другите. Потпирањето на увозните продукти го нарекуваат болест, додака за употребата на домашните производи се тврди дека го поттикнуваат патриотизмот и посветеноста кон татковината.

Повиците за користење домашни производи во Северна Кореја е зачестени во последно време откако државата ги затвори границите со Кина поради пандемијата од корона вирусот, што пак дополнително го попречува увозот од оваа соседна земја.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот