Северна Кореја го предупредува нејзиниот сосед да не одржува воени вежби со САД

Фото: Профимедиа

Северна Кореја ја предупреди Јужна Кореја да не одржува заедничка воена вежба со САД, неколку дена откако по една година повторно беше воспоставен комуникациски канал помеѓу двете земји, пренесува Ројтерс.

„Таквите вежби се несакан увод, што сериозно ја попткопува желбата на лидерите на северниот и јужниот сосед да преземат чекори кон воспоставување на меѓусебна доверба“ изјави денеска Ким Јо-џонг, сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Во Јужна Кореја нејзината изјава се протолкува како обид да се изврши притисок врз Сеул да ги откаже годишните летните воени вежби.

Пјонгјанг истакнува дека годишната заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја се подготовки за напад, а Вашингтон и Сеул демантираат.

Јужна Кореја соопшти дека се уште не е познато кога и во која мера годинава ќе се одржи заедничката воена вежба со  САД, стравувајќи оти истата би можела да им наштетат на преговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја.

Северна и Јужна Кореја на 27 јули повторно ги отворија службените комуникациски канали, во согласност со договорот постигнат во април помеѓу Ким Џонг-Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот