Северина позираше во поинакво издание од вообичаеното, но дали откри со кого поминува време во Сплит?

Instagram
Фото: Инстаграм

Северина веќе неколку месеци е во родната Хрватска, од каде редовно објавува фотографии на нејзиниот инстаграм – профил, а со својата последна објава само уште еднаш ја потврди титулата модна икона.

Instagram

Имено, популарната пејачка избра впечатлива лежерна комбинација за прошетка покрај сплитскиот брег.

Таа овој пат се одлучи за бели панталони со разнобоен џемпер во риги, а комбинацијата ја надополни со крзнени нараквици, очила и дизајнерска чанта со мотив „Бамби“, со потпис на модната куќа „Живанши“.

Instagram

Се вели дека нејзиниот избор е „must have“ капут, кој е задолжително модно парче за сите дами кои ги следат трендовите, а инаку се смета за модна класика.

А, кога станува збор за обувки, Северина никогаш не разочарува, а оваа комбинација ја надополни со црни војнички чизми, кои се сметаат за тренд број еден оваа сезона.

Иако фановите беа љубопитни, Северина не откри со кого го поминува времето во Сплит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот