Сеуште немаме победа, но еднаш ремизиравме со Полска! (ВИДЕО)

ffm.mk

Денеска во Варшава од 20.45 часот репрезентациите на Полска и Македонија ќе го одиграат својот петти меѓусебен натпревар.

На 14 февруари 2003 година во пријателски меч одигран во Сплит (Хрватска) загубивме од Полјаците со 0:3.

Потоа, уште еден пријателски натпревар во Ројтлинген (Германија) на 26 мај 2008 година, а таму ремизиравме 1:1. На тој дуел поведовме со 1:0 преку Мазнов во 45 минута, а Матусиак израмни од пенал во 83 минута.

И третата контролна средба одиграна во Анталија (Турција) на 14 декември 2012 година македонските фудбалери претрпеа пораз од 4:1, стрелец на единствениот гол за нашата селекција беше Блажевски во 87 минута.

Годинава за првпат се најдовме во квалификациска група, во овој случај за ЕП 2020 година, на првата пресметка во Скопје на 7 јуни загубивме со 0:1, стрелаше Пјонтек во 47 минута, од единствениот удар кој што го имаат во рамките од нашиот гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот