Сеул повторно го обвини Пјонгјанг дека истрелал балистичка ракета кон Јапонското Море

Северна Кореја/ Фото EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Северна Кореја истрела наводна интерконтинентална балистичка ракета кон Јапонското Море, познато и како Источно Море, соопшти денеска јужнокорејската војска, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека ракетата веројатно паднала во ексклузивната економска зона на неговата земја, јави Кјодо њуз.

Агенцијата го цитира Кишида како силно протестира против лансирањето и ги нарекува провокациите на Пјонгјанг, „неприфатливи”.

– Северна Кореја ги повторува провокациите со невидено темпо и тие се целосно неприфатливи, појасни Кишида за новинарите во Бангкок.

Како што додаде тој, нема извештаи за штета на авиони или бродови.

Ракетите со способност да патуваат повеќе од 5.500 километри се сметаат за ICBM – интерконтинентална балистичка ракета. Резолуциите на Обединетите Нации не дозволуваат Северна Кореја да тестира балистички ракети од каков било дострел, а некои се способни да носат нуклеарна боева глава.

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи вчера предупреди дека Пјонгјанг ќе преземе „пожестоки” воени акции, доколку САД ги зајакнат нивните безбедносни обврски кон Јужна Кореја и Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот