Сестри по потекло од Косово, кои живееле „на висока нога“, фатени во Белград со 30 кила марихуана

Во полициска акција во Белград се уапсени две државјанки на Словенија, сестрите Х.В. (29) и Х.Б. (24) по потекло од Косово, јавуваат српските медиуми.
Двете млади жени се во притвор, откако полицајци во нивниот „Сеат“ пронашле околу 30 килограми марихана за која се вели дека ја продавале.
Полицијата ги запрела сестрите и го претресла нивниот автомобил, кој го возела постарата, а на совозачкото седиште седела Х.Б. Во багажникот биле пронајдени 48 пакувања со марихуана, кои наводно биле пренесувани за препродажба. Вкупно во автомобилот имало околу 30 килограми „трева“.

Станува збор за полициска акција во која по дојава било пресретнат автомобилот на словенечките државјанки, по што тие биле уапсени, вели извор од полицијата за „Курир“.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.
Сестрите Х.В. и Х.Б. на социјалните мрежи често објавувале фотографии и видеа на кои се гледа како уживале во луксузен живот, патувале и оделе на шопинг. Судејќи по фотографиите, помладата сестра често е во Минхен со сопругот, а сестрата Х.В. доаѓа да ги посети, пишуваат медиумите.