EPA/PATRICK SEEGER

Сестрата на Роналдо зборуваше дека короната е измама, сега заврши во болница

Катја Авеиро, сестрата на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, заврши во болница поради проблеми со коронавирусот и со воспаление на белите дробови иако во октомври минатата година јавно порача дека короната е измама.

Катја во октомври минатата година, во моментите кога Кристијано беше позитивен на коронавирус порача дека нејзиниот брат е испратен од Бог да ја разоткрие измамата со короната и пандемијата.
– Очигледно е дека Кристијано Роналдо мора да биде тој кој ќе ги отвори очите на целиот свет. Бог го испрати да го стори тоа. Денеска илјадници луѓе веруваат во истото што и јас за короанворусот: дека тоа е најголема измама досега. Доста е од овој циркус, отворете ги очите, ве молам“ , напиша Катја во моментите кога нејзиниот брат беше позититен од коронавирус.

Но, неодамна кога стана позитивна на корона, Катја го смени мислењето.
„Ми фати овој ѓаволски вирус, позитивна сум од 17 јули и без во изолација. Имав слави симптоми и се придржував кон сите мерки. За жал,минатиот петок добив воспаление на белите дробови поради овој проклет вирус и сега сум хоспитализирана. Се оди добро, се опоравував со божја помош и прекрасниот медициски персонал. Овој проклет вирус нема да ме натера да паднам“, порача од болница, сестрата на Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот