Серијал за деца и млади: „Доктор Проктор“ е преведен на македонски јазик

Издавачот „Паблишер“, во рамките на едицијата „Приказни што нè обединуваат“, ја објави книгата „Доктор Проктор и големата кражба на злато“ од Ју Несбе, во превод на Искра Бадева. Проктор е забавен и смешен лик од едицијата книги „Доктор Проктор“ на најпознатиот современ норвешки автор на трилери Ју Несбе. Несбе со овој серијал влегува во светот на децата, а децата влегуваат во Прокторовиот свет. Едицијата „Приказни што нѐ обединуваат “ е поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Ју Несбе е современ норвешки писател, музичар, економист. Се смета за водечки автор на криминалистички романи и трилери во Европа. Најпознат е по серијата трилери за детективот Хари Хуле, преведени на 40-ина јазици и продадени во над 23 милиони примероци. Најпознати му се романите „Човекот лилјак“ (1997, награда „Стаклен клуч“ за најдобар скандинавски детективски роман), „Ѓаволовата ѕвезда“ (награда на Финската академија), „Одмазда“ (2002), „Соломоновиот знак“ (2003), „Снешко“ (Роман на годината за 2008), како и серијата романи за деца и млади „Доктор Проктор“ (награда на Асоцијацијата на норвешките критичари за најдобар роман за деца и млади за 2010 година).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 75, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 3-4 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот