Сергеј Варошлија со емотивна порака му го честиташе роденденот на Боки 13 (ФОТО)

принтскрин фејсбук

На својот Фејсбук профил познатиот ТВ Водител Сергеј Варошлија му посвети емотивна порака за роденден на познатиот Бојан Јовановски – Боки 13, првообвинетиот во случајот „Рекет“ кој во моментот се наоѓа во притвор.

Да сакаш на другар да му честиташ роденден, а тој да не може да ја прими искрената честитка…
„Можете да го нарекувате како сакате, со секакви надимаци и описни зборови, но за мене бил и ќе остане само едно име – Бојан, кое асоцира на другарство, пријателство, едно од оние ретките, едно од оние малкуте кои и јас, и сите ние ги имаме во животот, едно од оние кои се бројат на една рака!
Еден од ретките кои искрено се грижеше, бореше и интересираше за сите, а „сите“ наоколу ретко, а уште помалку искрено се грижеа или бореа за него, зошто повеќе ги интересираше „што, како, зашто…“ заслепени од тие „прашања“ не можеа да ја видат неговата суштина и човечност пред се! Но не за џабе викаат „човек на човек му е огледало”!
Среќен роденден драг мој Бојан! И како вика онаа народната „се проаѓа“ битно да си ми жив и здрав!
П.С Благодарам на малкуте пријатели што ми се јавија- пишаа во овој период , вие знаете кои сте!“, напиша Варошлија.

Тој дополнително нагласи дека на овој негов пост за Боки 13 нема да толерира негативни коментари на неговиот профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот