Серафимов: Унгарската фудбалска лига е три-четири пати посилна од македонската

Македонскиот одбранбен репрезентативец Никола Серафимов и играч на унгарски МОЛ Фехервар/Фото: molfehervarfc.hu

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов од следната натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на унгарскиот клуб МОЛ Фехервар.

Нашиот играч направи интервју за клупскиот сајт во кое зборуваше за тамошните услови, клубот, националната репрезентација и др.

Негов идол е легендарниот италијански одбрабен фудбалер Леонардо Бонучи чии игри ги смета за паметни, интелигентни и неговата игра е пример за него на позицијата која настапува.

Воедно направи споредба помеѓу унгарската и македонска фудбалска лига.

– Унгарскиот шампионат е три или четири пати посилна од македонската. Јасно е дека стадионите, терените и условите воопшто се многу подобри, има поголем медиумски интерес и најважната разлика е што во унгарската лига играат многу подобри домашни и странски играчи – вели Серафимов.

На почеток му е тешко да го зборува унгарскиот јазик, до сега знае само неколку зборови, но планира да го научи подобро во иднина.

Исто така му е драго што ги одигра првите настапи за сениорската селекција на Македонија. Сака и понатаму да го следи тој пат и придонесе во репрезентативниот дрес.

Претходно во Унгарија играше и за Залаегерсег, во нашата земја беше дел од Вардар, Пелистер, Брегалница и Академија Пандев, а беше член и на Височина Б од Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот