Сензационален трансфер во редовите на Јувентус? (ВИДЕО)

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

„Старата дама“ има план да го ангажира еден од најдобрите европски и светски напаѓачи, членот на Тотенхем, Хари Кејн.

Првите луѓе на италијанскиот фудбалски шампион во летниот преоден рок ќе се обидат да го доведат англискиот репрезентативец.

„Старата дама“ има план да го ангажира еден од најдобрите европски и светски напаѓачи, членот на Тотенхем, Хари Кејн. Пред неколку дена 26-годишниот играч рече дека постои опција да го напушти премиерлигашот и тоа ќе го направи доколку нема подобрување кај тимот.

Според „Трансфермаркт“ моментно вредноста на Кејн е 150 милиони евра и има договор со Тотенхем до 30 јуни 2024 година.

Англичаните не сакаат така лесно да се ослободат од својот играч, според информациите за неговите услуги бараат 105 милиони евра.

Од 2009 година во дресот на Тотенхем играчот досега има учинок од 136 голови во 198 одиграни натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот