Сензационален пораз на Кил од Порто (ВИДЕО)

фото: ehfcl.com

Екипата на Порто го направи најголемото изненадување во досегашниот дел од ракометната Лига на шампионите со победата од 27:28 над Кил во Германија.

Во последната минута и двете екипи влегоа израмнети, 27:27 и на 15-ти секунди до крајот голманот на Порто, Алфредо Кинтана го одбрани шутот на домашните ракометари, за во последната секунда Руи Силва да го постигне победничкиот гол.

Виктор Мануел Алварез со шест гола беше најпрецизен кај сензационалниот победник додека кај Кил, Никлас Екберг даде седум гола.

Ова е трет триумф за португалскиот тим со што се искачи на пестата позиција на табелата, додека Кил и покрај поразот остана на првото место на табелата со 11 бодови, два повеќе од Монпелје и Вардар.

Претходно Целје со 24:22 го совлада Загреб ППД, а Барселона со 30:34 како гостин го победи Алборг.

Резултати: ГОГ – Кристианштад 37:37, Алборг – Барселона 30:34, Целје – Загреб 24:22, Мотор – Монпелје 25:26, ПИК Сегед – Елверум 32:25, Висла – Чеховски Медведи 34:28, Кил – Порто 27:28.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот