Семејството Глејзер има рецепт за навивачите, засилување од соништата!
Омразеното семејство Глејзер, кое го разбуди гневот кај навивачите на Манчестер јунајтед по влегувањето во Европската Суперлига, се обидува на секој начин да ги смири, а според последните информации, тоа би можеле да го направи со евентуално доведување на големи засилувања.
Според пишувањето на британскиот „Сан“, во следното лето ќе се обидат да го ангажира напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн на „Олд Трафрод“, кој најверојатно ќе го напушти Лондон на крајот на сезоната.
Глејзери нема да жалат за парите за мир во куќата и опстанок во Манчестер, па според најавите, тие ќе потрошат дури 90 милиони фунти за услугите на најдобриот англиски напаѓач.
Тотенхем е шести во Премиер лигата на четири кола пред крајот на сезоната, со пет бода помалку од местото кое води во Лигата на шампионите, за разлика од Јунајтед, што само чудо може да го оддели од елитното натпреварување.
По заминувањето Жозе Мурињо, во клубот од северен Лондон владее вистинска несигурност во врска со наследникот на Португалецот, а потенцијалните кандидати отпаѓаат речиси на неделно ниво.
Сето ова оди во прилог на 28-годишниот напаѓач да ја смени средината на лето, а семејството Глејзер сака да ја искористи оваа шанса. Дали тоа ќе биде доволно за да се задоволи разбеснетата толпа навивачи?