Село во Кина во карантин поради чума

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Властите во кинескиот регион Внатрешна Монголија денеска издадоа трето ниво на предупредување за чума и селото Баоту го ставија во карантин, откако еден локалец почина од цревна чума.

Според надлежните, предупредувањето ќе остане во сила до крајот на годината.

Локалните здравствени власти соопштија дека ги следат контактите на починатиот селанец, вкупно девет и уште 26 лица кои имале контакт со тие девет лица.

Сите се ставени во карантин и се под лекарски надзор. Досега ниту еден од нив нема симптоми и сите биле негативни за болеста.

Починатиот имал цревна чума чии симптоми вклучуваат дијареја, силни болки во стомакот и треска.

Појавата на чума во Кина не е невообичаена, но болеста сепак се појавува се поретко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот