Селмани: Победата на Самоопределување на Косово нема да влијае на политичката сцена во Македонија

Албин Курти и Движењето Самоопределување забележаа спектакуларна победа на изборите на 14 февруари во Косово. Ова е уште еден сигнал за албанските опозициски сили во Македонија, дека оваа еуфорија на победата може да се пренесе на другата страна на границата. Но, дали ќе се пренесе само еуфоријата или, пак Самоопределување ќе дејствува и во Македонија?

Универзитетскиот професор Башким Селмани вели дека спектакуларната победа на Движењето Самоопределување на Косово нема да има влијание на политичката сцена во Македонија.

– Нема да има значајно влијание, освен временска и емотивна еуфорија, рече Селмани за „Слободен печат“, додавајќи дека Македонија и Албанците имаат институционални, а не политички проблеми.

– Колку побрзо Македонците и Албанците се договорат за заеднички и еднакви функционални институции, толку побрзо ќе излеземе од сиромаштијата, криминалот и корупцијата. Македонија ја крадат и ја прават дисфункционална политичките злосторници. Ова е несреќа на Македонија, вели тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот