СЕКОГАШ ИЗГЛЕДАЈТЕ МОДЕРНО: Како да ги комбинирате боите на облеката?

облека бои

Можеби ви се чини дека неутралните бои се најбезбедни за комбинирање на вашиот дневен и вечерен изглед, но не се плашете ниту од светлите и интензивните.

На вас е само да научите како да ги комбинирате, за да се истакнуваат една со друга, а да не предизвикате модна катастрофа.

Зелена и жолта

Облечете зелено здолниште и бела кошула, а изгледот дополнете го со жолти модни додатоци. Похрабрите може да изберат и жолто сако.

Корална, сина и розова

Оваа комбинација потсетува на неодоливиот морски свет. А ако изгледа добро во природата, ќе изгледа добро и на вас.

Темно сина и портокалова

Пастелна портокалова и темно сина или тегет се непогрешлива комбинација за храбрите модерни девојки и жени.

Тиркизна и бела

Тиркизната е интензивна, а белата ја „ублажува“ нејзината јачина. Со оваа комбинација не морате да носите воопшто накит, а чевлите и чантата може да бидат црни или бели.

Темно виолетова, црна, бела и беж

Црно-белата комбинација истакнете ја со марама или чанта во темно виолетова боја. Накитот во овој случај нека биде дискретен, а нема да погрешите со злато или сребро.

Бебешка сина, бела и розова

Нежните нијанси лесно се комбинираат и никогаш не изгледаат здодевно.

Костенлива, беж и тиркизна

Костенливата и бежот нека бидат главен фокус, а комбинацијата разиграјте ја со накит и модни додатоци во тиркизна боја.

Бордо, тегет и кафеава

Оваа комбинација неодоливо потсетува на есен и на десерти. Играјте си со нијансите и со модните детали.

Темно сина, жолта и тиркизна

Блузите со бели и тегет риги одлично се комбинираат со жолти здолништа и панталони. Накитот, каишот, чантата може да бидат во тиркизна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот