СЕЌАВАЊЕ: 12 години од последното ѕвездено небо

5 октомври 2007 година, стадионот Филип Втори се наполни до последното место. Сите дојдоа да го видат и слушаат Тоше, како да знаеа дека друга можност ќе немаат. Четиричасовна забава, играње, уживање, врисоци од млади девојки, ерупција од емоции, во еден глас се пееја неговите најубави песни, песни за заљубени. А тој на обожавателите по секоја испеана песна, не пропушташе да им каже „Сите ве сакам“, „Ми го наполнивте срцето“, и неговата постхумно најупотребувана фраза „ДА НАПРАВИМЕ ЅВЕЗДЕНО НЕБО“.

И откако ја овековечи фотографијата во која светилките од мобилните му прават своевидно ѕвездено небо, тој и навистина замина на небото, меѓу ѕвездите…

Оттогаш, секоја година неговите најголеми фанови на 5ти октомври правеа „Ѕвездено небо за Тоше“, настан кој и денес не потсетува колку ни фали нашиот Тоше Проески, обожуван од цел Балкан.

Минатата  година првпат беше прекината традицијата и не се одржа манифестацијата, а споменот на Тоше се славеше на големи концерт по повод излегувањето на албумот „Secret place“, со досега необјавени песни. Вечерва за жал повторно нема да блесне ѕвезденото нeбо за Тоше, бидејќи неговите обожаватели од земјава одлучиле дека споменот на него ќе го одржуваат со други најразлични акции.

И од кај ѕвездите, Тоше успева преку неговото ѕвездено небо да ги наполни салите и плоштадите.

Тоше ќе остане запаметен како единствениот македонски пејач кој успеа да го наполни градскиот стадиот, кој во негова чест сега го носи и неговото големо име, Тоше Проески.

Тоше ќе остане запаметен и како најголем хуманитарец кој го имаше Македонија. Направи голем број хуманитарни коцерти, меѓу кои и последниот, на 5 октомври.

Тоше едноставно ќе остане запаметен!!!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот