СЕХА: Вардар 1961 со шест кадети против Војводина

epa09110874 Vardar head coach Stevce Alusevski reacts during the EHF Champions League round of 16 match between HC Vardar 1961 and Telekom Veszprem HC in Skopje, Republic of North Macedonia, 01 April 2021. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во вторник со почеток од 17.00 часот Вардар 1961 ќе го игра натпреварот од СЕХА Газпром лигата против Војводина од Србија.

Дуелот се игра во Нови Сад, а поради репрезентативни обврски тренерот Стевче Алушовски нема да може да смета на Марко Кизиќ, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Филип Талески, Марко Мишевски, Анте Гаџа, Васко Шеваљевиќ, Иван Чупиќ и Патрик Валчак. Поради повреди не отпатуваа ниту Борко Ристовски и Димитар Димитриоски.

Во тимот се приклучени шестмина кадети од тимот предводен од Зоран Петковски. Станува збор за голманот Никола Спасовски (17/181/78), левиот бек Никола Анакиевски (18/92/192), средниот бек Виктор Трифуновски (18/85/88), левото крило Марио Стојановски (17/80/183), пивотот Александар Стојменов (17/85/181) и десното крило Матеј Трајановски (17/80/180).

– Пролетва е навистина напорен период за нас, имаме постојано натпревари, па овој одложен меч со Војводина треба побрзо да го одиграме за да можеме да го правиме следниот распоред. Ова беше единствен слободен термин, и поради ЕХФ неделата нема да имаме повеќемина репрезентативци кои се со своите национални тимови. Но, и покрај тоа за Нови Сад заминуваме со ракометари кои секако можат и ќе одиграат најдобро. Знаме дека Војводина сигурно ќе игра на максимум, но и ние сме подготвени за она што не очекува. Ова ќе биде и шанса шестмина наши кадети да почуствуваат што значи СЕХА лига. Тие веќе неколку денови тренираат со нас и ќе бидат подготвени за нивното деби – вели Алушовски.

Своите очекувања за овој дуел ги сподели и Мартин Карапалевски, цетралниот бек на Вардар 1961:

– Иако ќе ни недостасуваат повеќемина играчи ние сме подготвени за Војводина. Имаме мотив да играме иако е ова последен меч од групната фаза на СЕХА и доаѓа во период кога во домашното првенство имаме згуснат распоред. Верувам дека ќе бидеме добри во Нови Сад – се зборовите на Карапалевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот