Сега Реал му даде ултиматум на ПСЖ, договор за 48 часа или Мбапе следната година доаѓа бесплатно

Перез нема да дозволи да биде уценуван од ПСЖ/ фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Сагата околу Килијан Мбапе и неговиот трансфер во Реал Мадрид продолжува откако ПСЖ ја одби и втората понуда.

Управата на ПСЖ ја одби понудата на Реал Мадрид од 170 милиони евра плус дополнителни 10 милиони во бонуси, надевајќи се дека ќе успее да извлече 200 милиони од кралевите“.

Поради тоа денеска реагираше првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез кој ја презема иницијативата и им упати ултиматум на „светците“.

Како што јавуваат француските медиуми, Перез им порачал на челниците на ПСЖ дека доколку не дојде до договор денеска или најдоцна до утре, Реал Мадрид се повлекува од преговорите.
Дали овој ултиматум ќе го исплаши претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи не е познато, но „светците“ се соочуваат со податокот да го загубат Мбапе бесплатно наредната година доколку сега не се договорат со Реал Мадрид.

Фудбалерот јавно и порача на управата на ПСЖ дека нема намера да потпише нов договор и дека сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, а доколку не се реализира трансферот ова лето, тогаш идното ќе си замине како слободен играч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот