Сефте победа за Шкендија

фото: ФК Шкендија

Тетовчани конечно во петтото коло од домашниот шампион, ја оствари првата победа. Шкендија со 3:0 го совлада Работнички во првиот натпревар по отказот на Ќатип Османи кој изминатите две сезони и донесе две титули на екипата.

Жуниор и Армен Алими со головите во првото полувреме ја најавија победата, додека конечниот резултат го постигна Тотре.
Идентична победа од 3:0 оствари и Вардар над тимот на Струга Трим-Лум. Вардарци головите ги постигнаа во второто полувреме и тоа преку Реис Жуниор кој два пати ја тресеше мрежата на Стружани и Најдовски.

„Лавовите“ продолжуваат со одличните игри на стартот од шампионатот и пред своите гледачи немаа никави проблеми против тимот на Борец кого го победија со 3:1. Велешани поведоа во четвртата минута преку Прелчец, но тоа како да ги налути „лавовите“ кои преку Карваљо, Блажевски и Демир дојдоа до нови три бодови со кои се на второто место на табелата.

Резултати 5.коло:
Академија Пандев – Ренова 2:0
Шкендија – Работнички 3:0
Македонија ЃП – Борец 3:1
Шкупи – Силекс 1:0
Вардар – Струга 3:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот