Седат Пекер ѝ се закани на Турција, спомнува познанство со македонскиот премиер и лидерите на сите политички партии

Седат Пекер, кој во Турција го претставуваат како лидер на голема криминална организација, на своите социјални мрежи преку видеопораки се пресметува со турската држава која има распишано потерница по него.

Во едно од видеата, Пекер зборува за тоа дека бил пријател со македонски премиер и со лидерите на сите политички партии во Македонија. Исто така, вели дека бил депортиран само затоа што визата за престој во Македонија му истекла.

Името на Пекер е дел од актуелната афера во Македонија, „Мафија“, која се однесува на издавање документи (пасоши и лични карти) со лажни идентитети на водачи на разни криминални групи во регионот.

Тој неодамна во писмена изјава се јави од Африка и ги негираше тврдењата дека има македонска исправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот