Се зголемува меѓународната поддршка за повикот до Израел да го прекине огнот во Појасот Газа, вели Гутереш

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI / POOL

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека се зголемува меѓународната поддршка за повикот до Израел дека е потребен прекин на огнот во Појасот Газа и дека инвазијата на градот Рафах ќе предизвика хуманитарна катастрофа. Гутереш ја даде изјавата за време на посетата на Јордан.

„Гледаме како се формира поширок консензус во меѓународната заедница за тоа да му биде наведено на Израел дека е потребен прекин на огнот, а исто така – (за тоа) ги слушнав од САД, слушнав мислења и од Европската унија, нема потреба да спомнувам, се разбира, муслиманскиот свет – да му се стави јасно до знаење на Израел дека секоја копнена инвазија во Рафах може да значи хуманитарна катастрофа“, рече Гутереш на прес-конференција.

Градот Рафах, на границата со Египет, е пренаселен, со над милион Палестинци кои се засолниле таму бегајќи од воените дејствија во Појасот Газа, додека Израел е решен да го нападне градот, кој го смета за „последниот бастион“ на радикалното палестинско движење. Хамас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот