Се запaли плинска боца во куќа во Кавадарци

За среќа, нема повредени, причинета е само материјална штета.

Се запaли плинска боца во куќа во Кавадарци, од противпожарната единица велат дека за среќа, нема повредени, причинета е само материјална штета.

Александар Чадамов, командир на пожарникарите, апелираше за внимателност.

– Алармираме до граѓаните да бидат повнимателни, бидејќи оваа грејна сезона имаме веќе неколку интервенции при запалени плински боци, нагласи тој.

Чадамов рече дека сите кои користат плински боци, мора да ги проверат нивниот квалитет, сигурност, инсталацијата, но и да бидат внимателни кога ракуваат со нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот