Се заканил дека ќе ги разнесе синот и сопругата: Обвинителството бара притвор за насилникот од Белград
Душан М. во мај еден месец поминал во затвор поради семејно насилство што го извршил врз неговата сопруга.
Во станот каде што живеел со сопругата и со синот, во белградската населба Миријево, маж вчера извршил психичко насилство врз членовите на своето семејство и се заканил дека ќе активира рачна граната, објави Блиц.рс.
Препорачано
Осомничениот Душан М. денеска ја изнел својата одбрана, по што јавниот обвинител поднел предлог до Првиот основен суд во Белград за определување притвор, со оглед на тоа што, според ставот на обвинителството, постојат посебни околности што укажуваат дека осомничениот ќе се меша во кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и во околности што укажуваат дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело семејно насилство, за кое се товари.
По завршувањето на доказната постапка, јавниот обвинител ќе донесе одлука согласно законот, за што јавноста ќе биде информирана.
Инаку, осомничениот Душан во мај еден месец поминал во затвор поради семејно насилство што го извршил врз неговата сопруга.


