Се урна станбена зграда во Камбоџа, три лица загинаа, а 30 се уште се под урнатините - Слободен печат
ВестиПланета

Се урна станбена зграда во Камбоџа, три лица загинаа, а 30 се уште се под урнатините

Станува збор за зграда, која била во фаза на изградба, а до уривањето дошло во раните утрински часови.

Најмалку три лица загинаа, а 10 беа повредени откако зградата се урна на југот на Камбоџа.

Станува збор за зграда, која била во фаза на изградба, а до уривањето дошло во раните утрински часови.

Според медиумите, најголем дел од жртвите се ѕидари, кои се нашле на лице место, а бројот на мртви се уште не е утврден.

Во тек е потрага по евентуални преживеани, бидејќи се проценува дека под урнатините можеби има уште триесет луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close