Се урна мал авион во Босна, двајца луѓе загинаа

Фото: prijedor24.com

Мал спортски авион денеска се урнал во областа на босанскиот град Приједор, во Република Српска, јавуваат локалните медиуми.

Авионот паднал во нива покрај главниот пат кој води од Приједор до Козарска Дубица, а според сѐ уште неофицијални информации, загинале двајца луѓе.

Несреќата се случила околу 15 часот.

Полицијата и екипи на итната помош и пожарникарите се на местото, каде се врши увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот