ЕУ не може да ги врати 14-те милијарди евра што ги подари незаконски
14 милијарди евра се незаконските расходи во ЕУ за периодот 2014 – 2022 година за сите области, се вели во извештајот објавен од Европскиот суд на ревизори. Собирањето на овие средства е исто така голем проблем, бидејќи е потребно многу време се вели во документот, објави „24Часа.бг“.
Ревизорите на ЕУ забележуваат дека обично се потребни 14 до 23 месеци од завршувањето финансираните активности до издавање на барањето за надомест и уште три до пет месеци до вистинското рефундирање. За 1-8% од износите се донесува одлука да се одбие наплатата. Главните проблеми со наплатата на побарувањата кај директното и индиректното управување се должат на долгото доцнење помеѓу откривањето на финансиската неправилност и издавање на соодветниот налог за наплата.
За земјоделските фондови под заедничко управување, за кои примарна одговорност имаат земјите-членки, наплатата на незаконски потрошените суми е генерално ниска. Забележани се значителни разлики помеѓу земјите од Заедницата. Ревизорите предлагаат да се подобри планирањето на ревизорската активност и да се анализира финансиското влијание на нередовни трошоци од системски карактер. Друг од нивните предлози е повторно да се воведат стимулации, што се применуваше во претходниот циклус на финансирање за да им се овозможи на земјите-членки да ги наплатат побарувањата во областа на земјоделството, пренесува НОВА вести.