Се споија Таско и Лина и направија балкански хит! (ВИДЕО)

Фото: Промо

Нашиот суперстар Таско до сега сме го гледале во соработка со многу машки трап изведувачи како Два Бона, Слаткаристика, Тракер, Фокс Бранко од Србија и Инас од Босна. Но сега за прв пат во дует со женски артист и тоа не со било кој, туку со нашата позната пејачка која јасвноста ја запозна на српските „Пинкови ѕвездички„ убавата, ултра талентирана и харизматична Лина Пејовска.

Песната е со српски наслов и се вика „Неваљала„ за која музиката и текстот ги напиша Таско, инструменталот е на Алекс познат- “Beat maker“ од Шведска, а миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Фото: Промо

Спотот е во режија и монтажа на Гордан Божиновски, во организација на Борис Тасковски, а сниман е во соработка со „Artistic Production„. Се снимаше во два сета од по 8 и 14 часа на две локации, во индустриска зона во Велес и на кулите Џевахир во Аеродром Скопје.

Инаку Урбан Рекордс е првата продукција од Македонија што потпиша партнерски договор со лидерите во регионот за медиумска промоција и дигитална продажба и дистрибуција “IDJ Digital” од Србија. Тоа значи дека ексклузивно и за прв пат наши изведувачи се промовираат на нивниот музички видео канал “IDJ VIDEOS”.

Во прилог линк од спотот „Nevaljala„- Tasko ft. Lina  кој се промовираше на Ју Туб каналот на “IDJ VIDEOS”…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот