Се солидаризира со претседателот, Марадона по два месеци си даде оставка
Легендарниот Аргентинец Диего Марадона по само два и пол месеци си поднесе оставка од тренерската функција во Гимназија Ла Плата.
Според локалните медиуми, Марадона си поднел оставка бидејќи се солидаризира со претседателот на Гимназија Ла Плата, Габриел Пелегрино кој му најави дека на 23 ноември му завршува мандатот.
Марадона на пристигнувањето во Гимназија Ла Плата вети дека клубот ќе го спаси од испаѓање од најсилната аргентинска лига, но резултатите не му одат во прилог. Гимназија победи на само три од осум натпревари и се наоѓа на 22. место од 24 екипи.
Newell’s ha recibido a Maradona con un trono. Desde ahí está dirigiendo a su equipo, Gimnasia. pic.twitter.com/WPXzLlBi6n
— Sphera Sports (@SpheraSports) October 29, 2019
Епизодата во тимот од Ла Плата е уште една неуспешна во тренерската кариера на славниот Аргентинец, претходно кратки авантури имаше и во Ал Васл и Фуџаурах од Обединетите Арапски Емирати и мексиканската Синалоа, додека најдолго остана на клупата на аргентинската репрезентација (2008-2010).