Се самоуби глумецот од „Тор“ и „Терминатор“: МУ СЕ ИЗВИНИЛ НА ТРАМП, па скокнал од мост!

Актерот Исак Капи (43), кој глумеше во „Тор“ и во „Терминатор“, извршил самоубиство скокајќи од мост во Аризона, пренесуваат американските медиуми.

Во полицискиот извештај се наведува дека по скокот од мостот, Капи го удрил автомобил.

Неколку минувачи се обиделе да го спречат актерот да не скокне од мостот, но не успеале да го задржат.
Полицијата неговото тело го пронашла под мостот на „Transwestern Roadu”.
„Скокна од мостот, а после тоа го удри автомобил кој поминуваше по патот. Мажот кој починал на местото на случувањето е идентификуван како Исак Капи“, потврдил портпаролот за јавна безбедност на Аризона, Барт Грејвс.

Пред самоубиството актерот објавил брутален пост на Инстаграм во кој можело да се посомнева дека нешто ќе си направи себеси.

„Не бев добар човек. Издадов многу луѓе и нивната доверба. Продавав дрога. Не плаќав данок, имам долгови. Го злоставував своето тело со цигари, дрога и алкохол. И додека е вистина дека поминав многу, многу часови за лоши глумци, толку малку негував самозабележување на сопствените дела“, напишал Капи.

Актерот им се извинил на американскиот претседател Доналд Трамп и на Исус што ги издал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот