Сè понапнати односите меѓу Бајден и Нетанјаху

Бајден и Нетанјаху / Фото EPA/BAZ RATNER POOL

Напнатоста во односите меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не се намалува поради односот на Нетанјаху кон војната во Газа.

Според извори на Ен-Би-Си, Бајден наводно три пати употребил остар и навредлив термин за лидерот на сојузничката земја. Од нападот на палестинскиот Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и почетокот на војната во Газа, Бајден се обиде да го убеди Израел да ја промени својата воена стратегија, но Нетанјаху се зарече дека ќе води војна додека Израел не „постигне целосна победа“ и не „го уништи Хамас”.

„Тој едноставно чувствува дека е доволно, дека тоа (во Газа) мора да престане. Бајден рече дека се обидува да го натера Израел да се согласи на прекин на огнот, но Нетанјаху „му прави проблем“ и дека е невозможно да се справи со него, рекоа анонимни претставници запознаени со ставовите на Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот