Се огласи сестрата на Ким: Изјавите на Сеул може да ги нарушат нашите односи

Сестрата на Ким Јонг ун, Ким Јо-Џонг/ Фото: Архива на Слободен печат

Изјавата на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, кој рече дека новите ракетни системи на Сеул можат да го одвратат севернокорејскиот систем, е нелогична и за жал може да ги нарушат односите на двете земји, изјави денес Ким Јо-Џонг, сестра на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. 

Сестрата на Ким рече дека изјавите на Мун, при тестирање на проектилите на новата јужнокорејска подморница, се „несоодветни“ и може да доведат до прекин на односите, доколку Мун продолжи да ја „клевети“ Северна Кореја, објави Ројтерс, пишува новинската агенција КЦНА од Пјонгјанг. 

Денеска Северна и Јужна Кореја тестираа балистички ракети во нивната најнова демонстрација на воена сила во трката за вооружување во која двете земји развија софистицирано оружје, а напорите за продолжување на преговорите беа неуспешни, потсетува британската новинска агенција. 

Јужна Кореја тестираше балистичка ракета лансирана од подморница и стана првата земја без нуклеарно оружје што развила таков ракетен систем. 

Се зголемуваат тензиите на полуостровот: Северна и Јужна Кореја лансираа балистички ракети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот