СЕ ОБИДЕЛ ДА ШВЕРЦУВА КОКАИН ПОД ПЕРИКА: Неговата фотографија стана хит на Интернет!

Еден колумбиски државјанин е уапсен на меѓународниот аеродром во Барселона, откако полицијата под неговата перика пронашла половина килограм кокаин.

Откако слетал со авионот од Богота, овој Колумбиец го привлекол вниманието на полицијата затоа што бил нервозен, а под шеширот неговата перика едноставно била преголема.

На шпанските полицајци не им требало долго за под неговата невообичаено голема перика да пронајдат половина килограм кокаин чија што вредност се проценува на околу 30 илјади евра.

„Нема граница во инвентивноста на трговците со дрога во настојувањето да ги изиграат царинските контроли“, стои во соопштението на шпанската полиција со приложените фотографии од уапсениот Колумбиец.

Колумбиецот бил уапсен кон крајот на јуни, а шпанската полиција откри дека само во текот на 2018-та година на аеродромот „Ел Прат“ во близина на Барселона запленила повеќе од 100 килограми кокаин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот