Се гради потпорен ѕид за да се спречи пропаѓање на улица во Бутел

Фото: Општина Бутел

Општина Бутел започна со изградба на потпорен ѕид на улица 50 за да се спречи пропаѓањето на улицата.

Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши итна санација на оштетениот дел и со изградба на потпорен ѕид да се спречи понатамошно оштетување на улицата која предизвикуваше загрозено и небезбедно движење на граѓаните – информира градоначалникот Дарко Костовски.

Според градоначалникот, со овој потпорен ѕид ќе се обезбеди дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од евентуално можно лизгање на земјиштето.

Вредноста на проектот изнесува околу 4,8 милиони денари, обезбедени од општинскиот буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот