Фото: Општина Илинден

Се чистат каналите во Илинден за да се спречат поплави при обилни врнежи

Во општина Илинден продолжува чистењето на каналите за да се овозможи непречен проток на атмосферските води и да се спречат поплави при обилни врнежи од дожд.

Во изминатиот период се изврши машинско чистење на горната зона од главниот канал во должина од 2300 метри, од влезот на обиколницата кон „Белви“, потоа извршено е машинско чистење на овој канал од делот со правните субјекти на улица „32“ кон автопатот, железничката пруга и централниот дел на Илинден во должина од 700 метри, како и каналот во населба Илинден во должина од 2500 метри од локалната економска зона Стопански комплекс Илинден кон локалната економска зона Карагач.

Од Општината информираат дека во тек е машинско чистење на Сува Река во Миладиновци кое ќе продолжи кон населените места Текија и Дељадровци во должина од 4000 метри.

Со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа од почетокот на годината досега исчистени се околу 23 километри отворени одводни канали што се наоѓаат на територија на општина Илинден, во соработка со АД Водостопанство „Скопско Поле“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот