Се ближи крајот на омилената серија „Симпсонови“

Фото: Profimedia

Најдолговечната и една од најуспешните цртани серии на телевизија – „Симпсонови“, би можела да заврши за една година. Барем така тврди Дени Елфман, кој работел на музиката за „Симпсонови“. Тој ја создал песната за најавната шпица на серијата, а заслужен е и за музиката во многу холивудски филмови, како „Кошмар пред Божиќ“, „Едвард Раце Ножици“ и други.

– Судејќи по она што го слушнав, на серијата ѝ се ближи крајот. Не знам дали е официјално, но тоа го слушнав. Ќе заврши за една година – изјави тој.

Бидејќи веста е неочекувана и со оглед на тоа што новите епизоди на „Симпсонови“ постојано излегуваат од 1989 година, некои критичари на серијата ќе бидат задоволни зашто голем дел од нив тврдат дека серијата во последните сезони го изгуби својот шарм.

Елфман изјави дека е шокиран од планетарната популарност на серијата.

– Она што можам да го кажам е дека сум шокиран што серијата издржа толку долго. Кога ја напишав песната за „Симпсонови“, не очекував дека некој ќе ја слушне бидејќи не бев уверен дека серијата ќе има некакви шанси за опстанок – рече Елфман.

Елфман објасни дека очекувал серијата да има три епизоди пред „Фокс“ да ја откаже. Инаку, „Симпсонови“ неодамна влезе во својата 31. сезона. Со тоа стана најдолговечната цртана серија на сите времиња. „Фокс“ открива дека серијата е обновена за 32. сезона и дека последната епизода од оваа сезона ќе биде 713. епизода. Можеби тоа ќе биде и финалето на серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот