Се бара „брза лента“ за да се спречи парализа на економијата, Комората ќе бара одговорност за хаосот со личните документи

камиони
Камиони/ Фото: МИА

Кај превозниците револтот е огромен поради најавата дека ќе следат казни за возачите кои не ги замениле возачките дозволи. Од СКСМ се подготвени да поддржат секаква иницијатива која ќе помогне да се реши хаосот со документите, како и да помогнат материјално и просторно да се забрза процесот на сликање на личните карти.

Стопанската комора на Македонија ќе испрати барање до премиерот на техничката влада, до Собранието и до МВР, под итно да се реши проблемот со издавањето на личните документи за извозниците (особено со возачките и соораќајните дозволи).

Кај превозниците револтот е огромен поради најавата дека ќе следат казни за возачите кои не ги замениле возачките дозволи. Дел од нив се пожалиле во Комората дека ги регистрирале неодамна возилата, но никој не им кажал дека треба да ја сменат и сообраќајната дозвола. За маката да им биде поголема тешко се доаѓа и до задолжителните налепници. Од Комората се децидни дека ќе бараат одговорност од државата, зошто досега не е сторено ништо да им се помогне на компаниите.

Од СКСМ се подготвени да поддржат секаква иницијатива која ќе помогне да се реши хаосот со документите, како и да помогнат материјално и просторно да се забрза процесот на сликање на личните карти. Ако треба ќе помогнеме и при печањето на налепниците за возилата, порача Антони Пешев, извршен директор на Комората. Тој пред новинарите призна дека нивната иницијатива е задоцнета, бидејќи како што рече „не ни сонувале дека промената на личните документи ќе добие вакви димензии, кои може да предизвикаат целосна парализа на економија во земјава“.

-Промената на личните документи предизвикаа голема нервоза кај комапниите, а вчера најмалку стотина транспортери се обратија до нас, што да прават бидејќи може да бидат казнети оти немаат сообраќајни и возачки дозволи со НМК. Особено има проблоеми во локалната дистрибутивна мрежа, бидејќи камионите се плашат да не бидат запрени од сообраќајната полиција. Ние ќе се потрудиме барем овој сегмнет да го решиме позитивно и да побараме тие возачки документи да важат во земјава се до нивниот истек или промена. Што се однесува за меѓународната комуникација, тука не можеме ништо да смениме. Преспанскиот договор не е во наш домен – објасни Пешев.

Извршниот директор на Комората, се согласува дека нивната иницијатива е можеби задоцнета, но досега ниедна компанија не се пожалила до нив, ниту пак имало реакции од странските партнери дека стоката ќе им доцни.

-Излезе дека неоправдано го маргинализиравме проблемот со возачките и сообраќајните дозволи, а сега неговата димензија излезе огромна. Затоа ги нудиме сите наши капацитети да помогнеме колку што може побрзо да се најде решение и компаниите кои извезуваат и увезуваат да се најдат на брза линија да извадат нови документи – рече Пешев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот