СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува опасно по јавното здравје

Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во време кога расте бројот на инфицирани со коронавирусот, а болниците се полнат, продолжува да ја злоупотребува сериозна здравствена ситуација за дневно-политички поени, реагираат од владејачката партија СДСМ.

-Од почетокот на коронакризата во земјата, од безидејното ВМРО-ДПМНЕ не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики. Во деструктивноста предничи тоа што заменичката министерка за финансии во техничката влада цело лето, го кочеше заемот од Светска Банка од 90 милиони, наменет за поддршка на здравствениот систем и подготовка на дополнителни болнички капацитети. Да не беа нивните блокади, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран. Цела есен, во време на сериозен бран на коронавирусот, раководството на ВМРО-ДПМНЕ организира масовни собири за спас на фотелјата на Христијан Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот- велат во соопштението од СДСМ.

Колку на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им е битно здравјето на граѓаните, велат оттаму, говори фактот што бараа предвремените избори да се одржат есенва, колку навистина се загрижени за коронавирусот, говори фактот што во Собранието ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести кои се потребни за зголемување на превенцијата од коронавирусот.

-ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат за ништо друго освен деструкција и дејствување спротивно на интересите и здравјето на граѓаните. Затоа уште долго ќе останат во опозиција- велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: Секој трет тестиран во Македонија вчера имал Ковид!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот