ВМРО-ДПМНЕ: Секој трет тестиран во Македонија вчера имал Ковид!

Автобуска постојка / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Една третина од тестираните во текот на вчерашното деноноќие се позитивни на ковид-19. Тоа значи дека секој трет тестиран имал коронавирус, Филипче целосно потфрли, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче. Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип. Есенскиот бран на Ковид го фати целосно неспремен Филипче, иако самиот тврдеше дека на есен вирусот ќе биде појак, ништо не презема.
Лошиот менаџмент со системот допринесе Македонија да е една од земјите на врвот во Европа по заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично- велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се што направи Филипче, потенцираат оттаму, е вперување на прстот за вина кон граѓаните.

-Граѓаните сега се виновни за неговата неспособност. Не се Филипче виновник граѓаните, преземи одговорност и дај си оставка веднаш- велат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот