СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат зошто не лобирале за Резолуцијата во Бундестагот

Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ/Фото: СДСМ

Усвојувањето на Резолуцијата на германскиот Бундестаг е силна поддршка за членството во ЕУ и признание за македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, велат од СДСМ и прашуваат зошто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  не направил ништо и зошто не лобирал за оваа значајна Резолуција кај сестринските партии во Бундестагот.

„Резолуцијата беше поддржана од сестринските партии на СДСМ, германските социјалдемократи, како и од сестринските партии од нашите коалициски партии, Либералите и Зелените. Единствено против беа сестринските партии на ДПМНЕ Мицкоски и ДПМНЕ воопшто не ги убедувале сестринските партии да ја поддржат Резолуцијата за македонскиот јазик, идентитет и култура во германскиот Бундестаг. Мицкоски досега нема направено ништо за македонскиот јазик и идентитет а сега не мрднал со прст за волку важна одлука. Тоа е вистинското лице на ДПМНЕ и Мицкоски кои не не застанале зад државниот интерес и македонскиот идентитет. Прашањето е зошто? Или Мицкоски нема никаков кредибилитет кај сестринските партии и никој не го сфаќа сериозно“, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека одговорот на Мицкоски ќе ги разјасни и гласините дека еден поранешен минстер на ДПМНЕ имал спровитен став од одлуката на германскиот Бундестаг.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот