СДСМ: Мицкоски е заложник на Левица, нема друг план освен да го следи Апасиев

СДСМ партиска зграда / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

„Мицкоски уште еднаш покажа дека е само обичен заложник на Димитар Апасиев и Левица, класичен антиевропски политичар“, велат од владејачкио Социјалдемократски сојуз во реакција на вечерашното интервју на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на „Канал 5“.

Еве ја во целост реакцијата од СДСМ:

„Освен да го следи Димитар Апасиев во секојдневен натпревар за блокади и кочење на државата, Христијан Мицкоски друг план нема. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е коалиција на хаос и враќање назад. Нивната единствена цел е да го попречат европскиот пат на земјата. Затоа ниту збор од Мицкоски не слушнавме за успешното справување со енергетската и економската криза, за покачените плати и пензии, за рекордниот износ на странски инвестиции.
Пропаднаа сите најави на Мицковски и Левица државата наскоро ќе пропадне, ќе нема доволно струја, гас, бензин, дека ќе има рестрикции на струја, прекини и недостиг на храна во супермаркетите.

Ковачевски успеа да ја спаси македонската економија која забрзано се опоравува од кризата. Инфлацијата е зауздана, а политиките на Ковачевски ги намалуваат цените на лебот, тестенините, млекото, месото, јајцата. Дополнително, денеска Христијан Мицкоски призна дека со месеци го лажеше народот и своето членство дека има 61 пратеник и ќе го распушти Собранието оваа пролет. Наместо распуштање имаме зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ. СДСМ нема да се откаже од европската иднина, силно и одлучно ќе продолжиме по европскиот пат. Мицкоски и Апасиев ги чекаат нови порази“, порачуваат од СДСМ.

Влада со ДУИ за Мицкоски е непосакувано сценарио: „За аферите ќе си одговараат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот