Влада со ДУИ за Мицкоски е непосакувано сценарио: „За аферите ќе си одговараат“

Фото: Канал 5 / принтскрин

„Можам да ја кажам мојата политичка проценка дека во овој момент за ВМРО-ДПМНЕ влада со ДУИ не е посакувано сценарио. ВМРО-ДПМНЕ најмалку го посакува тоа сценарио да има влада со ДУИ и со ова нивно раководство“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во емисијата „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“.

Тој вели дека „за криминалните афери ќе има одговорност“.

„Ќе се работи со отчетност и не смее да има во влада министри кои не одговараат пред премиерот, туку пред партискиот лидер. Се знае кој е мандатар и кој е премиер. Кажувам дека такви луѓе, ако јас бидам мандатар, нема да бидат дел од мојот кабинет“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека кој ќе биде партнерот на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, ќе одлучат две работи: првата е граѓаните на избори, а втората е програмата за која ќе се сложат да се работи во иднина.

„Во политиката не треба да сме во сон, туку со отворени очи. Кој ќе биде партнерот на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, ќе знаеме следниот ден откако ќе завршат изборите, а дотогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со народот и не само со македонскиот, туку и со албанскиот, турскиот, српскиот, Ромите, Бошњаците, сите“, рече Мицкоски.

Во однос на одговорноста, Мицкоски посочи дека не може да се премолчи криминалите како за надзорот со коридорите 8 и 10д каде во тендерот се менувани условите додека траел истиот и дека потребна е одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот